
85 годишна пробиштипјанка вчеравечер била оставена пред заклучена врата на комисијата за нега во здравствениот дом во Штип. Како што велат нејзините блиски пред камерите на М-нет телевизија, тие имале закажан термин во 20:35 минути, но откако забележале дека комисијата ја нема, се обратиле наостанати вработени лица од здравствениот дом, кој им рекле дека комисијата не е таму. Поради оправдани причини комисијата вчера не била таму, но според последните информации од блиските на лицето, комисијата изутрина пристигнала кај нив, па како што велат сега нема простор за паника.
“Оваа вечер беше вака, ние имавме закажан термин во 20:35 минути, а ние бевме во 20:20 Мин. Ја доведовме мајката на споругата на 85 години. Едвај ја симнавме бидејќи живее на трети спрат, сама е жената, а има потреба од туѓа нега, кој вршат нега на луге што се. И сега тука кога дојдовме светлата се изгаснати, прашавме едно медицинско лице од итната медицинска помош ни кажа дека тие пред еден час си отишле и никого не известиле.“, вели пробиштипјанецот
Според случајот, блиските на пробиштипјанката велат дека доколку има било какви промени, тие бараат да бидат само навремено известени, за да не се беспотребно малтертираат ваквите лица.
По вчерашниот случај, комисија од здравствениот дом Штип, денеска била присутна во домот на лицето во Пробиштип и успешно е завршена целата процедура. Со голема благодарност до телевизија М-нет, но и до стручните лица од здравствениот дом, се обратија денес блиските, посакувајќи во иднина да нема вакви случаи.