
Со низа активности, Црвен крст на Македонија, годинава го одбележува својот 80 годишен јубилеј од постоењето. Една од истие е и денешната посета на УГД Штип со што им се додели плакети за досегашната соработка, помош и долгогодишна соработка. Генералениот секретар на оваа организција Саит Саити вели дека идејата на посетите е да се разменат дискусии и мислења и да се најде нови форми, содржини за соработка, помегу обете страни.
“Црвениот крст оваа година одбележува 80 години од своето постоење. Деновиве сте сведоци веројатно на низи активности, кои ги превземаме по повод јубилејот. Една од содржините е токму посетата на државните универзитети за почеток, каде што како што ви беше кажано . Идејата е да размениме дискусии и мислења, односно да се обидеме да најдеме нови форми содржини за соработка, помегу црвениот крст и универзитетите. Добра е и соработката со штипскиот универзитет. Посетите што ги остваруваме се во функција на доделување на јубилејни плакети на универзитетите за досегашната соработка помош и соработка “, вели Саити
Дека соработката помегу УГД Штип и организацијата црвен крст е важна, согласен е и ректорот Дејан Мираковски, кој вели дека тоа е алката за градењето на млади личности, кои пред се ќе бидат свесни за проблемите.
“Промовираме платформа на поголема соработка помеѓу универзитетите и црвениот крст, како една од најважните хуманитарни организации, која секогаш е спремна да помогне независно дали се работи за природни катастрофи, здравствени кризи, војни и како организација со глобален досег , соработката со нив навистина претставува важна алка од градењето на млади личности, кои ќе бидат свесни за проблемите, кои што преку соработката со вакви организации како црвениот крст, ќе можат да развијат и емпатија, чувство на одговорност, тимска работа и сигурен сум дека соработката помегу црвениот крст и младите е патот по кој што треба заедно да работиме. Верувам дека допрва ке ги интерзивираме активностите на олонтерство со црвениот крст.“, вели Мираковски
Инаку, настанот се оддржа на правниот факултете при УГД Штип, на кој што присустувааа студентите, претставниците на организацијата црвен крст Македонија, како и професорите.
Иван Митев, М-Нет