76-годишник со автомобил излетал од коловозот на регионалниот пат Неготино – Штип

На 26.01.2023 во 20.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Неготино – крстосница со магистрален пат А4, патничко возило „фолксваген туран“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.С.(76) од Радовиш излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(18) од Радовиш, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.