
72 лица, жители на Кочани се во домашна изолација, заради спречување на ширење на коронавирусот. Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев потсетува на неопходното одговорно однесување на секој поединец заради спречување на несаканите последици од болеста КОВИД-19.
– „Самоизолацијата и редуцираното движење, избегнувањето контакти со други лица е основа на секое индивидуално однесување, од кое произлегува развојот на болеста. Препорачуваме сите совесно да се однесуваат. Институционалната координација преку Штабот за заштита и спасување со почитување на препораките на Министерството за здравство и на Светската здравствена организација продолжува“ – известува градоначалникот Илијев.
Илијев упати апел до стопанствениците за редовна дезинфекција на просториите за работа; до пензионерите и до младите кои се забележани дека се групираат и не ги почитуваат препораките и мерките за заштита од коронавирусот – да не бидат ризик за себе и за своите најблиски.
