
Започнуваат уписите за идните средношколци во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“- Штип. Вкупно слободни места има 68, од кои 34 во насоката за музичар теоретичар и 34 во насоката музички изведувач. По одржаниот приемен испит и според условите кои треба да се исполнуваат вкупно примени ученици во првиот уписен рок се 15. Во следниот втор круг има слобдни 29 места посочи директорот Горан Кавраков.
„Од вкупно 68 слободни места од кои 34 музичар теоретичар и 34 музичар изведувач во првиот уписен рок кој беше изминативе денови се примени вкупно 15 ученика кои ги исполнуваат условите и бодовите и кои го положија приемнниот испит кај нас во Сергеј Михајлов. Од кои 10 ученика се музичар изведувач што значи дека остануваат 24 слободни места за вториот уписен рок и пет ученика се музичар теоретичар, значи остануваат 29 слободни места во следниот втор уписен рок“ изјави Кавраков
За вториот уписен рок потребни се 50 бодови, бројката на бодови опаѓа во вториот усписен рок. Додека за учениците од ромската националност бројката на бодови се намалува за уште 10% што значи дека учениците во вториот уписен рок можат да се запишат со 45 бодови.
„За вториот уписен рок за дечиња, ученици кои се со помал број на бодови кои го исполнуваат условот од 50 бодови, кај нас паѓа во вториот круг во вториот уписен рок, а за учениците од ромска националностт плус десет проценти помалку бодови што значи може да се запишат со околу точно 45 бода“ посочи Кавраков
Вториот круг започнува на први јули. Директорт во оваа прилика се надева дека поради спецификата на училиштето каде наставата се одржува групно или индивидуално ќе се овозможат услови за мирно да се започне новата учебна година.
„Вториот уписен рок започнува на први јули еве веќе денес е спремен конкурсот кој ќе го објавиме. И се надеваме дека поради спецификата на нашето училиште наставата која се држи во групна и во индивидуална настава дека ќе имаме услови да мирно ја започнеме следната учебна година. “ вели Кавраков
Може да се каже дека учениците изразуваат се поголем интерес за запишување во средно музичко учиилиште, а токму загарантираната заложба и поддршка од страна на професорите, придонесува од ова училиште да излезат квалитетни ученици кои имаат што да понудат на пазарот на трудот.
Лаура Стојанова, М-Нет