
Минатогодишните пожари во Општина Карбинци со последици зад себе. Физички и правни лица имаат право да бараат оштета од пожарите до Општината, а понатаму овие барања да бидат доставени до Државната второстепена комисија за исплата на штетите. Првиот човек на Општина Карбинци, Виктор Паунов, информираше дека досега во архивата има простигнато вкупно 62 барања, од кои 60 од физички лица и две барања од фирми.
„Ние веќе ги имаме доставено до Второстепената комисија, од каде што треба да се спроведат до Владата. Веќе на таму треба да се донесат одлуките коишто се во барањата. Од наша страна овие работи се завршени до овој момент, стоиме на располагање доколку има потреба за дополнителни забелешки и прибелешки. Понатаму, одговорноста е веќе во Влада. Ќе очекуваме да добиеме информации за тоа што ќе се случува понатаму и кои штети, кои износи би биле прифатени и како ќе се одвива сето тоа. Ќе почекаме да добиеме информации од институциите“, истакна Паунов.
Во текот на минатата година на територија на Општина Карбинци гореа ниви, житни култури, разни земјоделски површини, но и куќи и викендички. ТППЕ Штип беа со полни раце работа, но во тогашното гаснење на пожарите учествуваше и месното насление.
Ребека Спасова М-Нет