
За 12% е намален бројот на родени бебиња во 2023 година во споредба со претходната 2022 година. Тоа значи дека 2022 година на Одделот за Гиникологија и акушерство, годината завршила со 500 раѓања, 2023 завршила со 60 помалку, однонсо овде се родиле 440 бебиња. Некогаш во оваа болница имало над 800 породувања годишно, сега таа борјка е преполовена. Причини има повеќе, но главен е фактот дека младите се почесто ја напуштаат државата.
„Значи 2023 година е завршена со околу 500 породуувања. Во споредба со 2022 година имаме околу 60 породувања помалку. Иселувањето е една од причините, ама секоја пациентка која е дојдена е услужена од наша страна“ – вели Атанасова.
Кога е во прашање кадарот на овој оддел и апаратите со кои располагаат, директорот доктор Ален Ѓеоргијев посочи дека можеби ќе недостасува ама решение ќе се најде. Апарати има доволно, а има план за набавка и на нови.
„ Со кадарот во 2024 година можно е да имаме малку недостаок, но ќе се трудиме да го надминеме“ – вели Ѓеоргијев.
Родилки од целиот Источен регион се породуваат во КБ Штип, вели Атанасова. Радовиш, Берово, Делчево но и од останатите градови породувањата се вршат овде.
Лаура Стојанова М-Нет