57 пациенти од поќарот во Кочани се лекуваат во државата и странство, двајца се критични

48 пацинети се лекуваат во странство, а девет на клиниките во Скопје по пожарот во дискотеката во Кочани. Денеска се очекува еден пациент од Унгарија да биде вратен во државата, а критични се двајца пациенти. Министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната прес конференција посочи дека од 193 повредени пациенти од пожарот во моментот на члекување се само 57.

„Моментално во Скопје се лекуваат вкупно девет пациенти и сите девет пациенти се во релативно добра и стабилна состојба. Во странство моментално се наоѓаат 48 пациенти од кои очекуваме денеска еден пациент да ни се врати и да останат 47 пациенти. Од нив само двајца се во критична состојба.“ – вели Таравари.

Пацинетите кои ќе се вратат од лекување дел од нив ќе бидат пратени повторно во странство друг дел ќе се лекуваат во Скопје. Таравари истакна дека сите пациенти ќе бидат соодветно лекувани со цел помали последици од страшниот пожар во Кочани. Дополнително продолжуваат активностите во кочанската болница, а тимови на лекари ќе бидат таму за преврски, со цел пациентите да не патуваат до Скопје.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет