54 милиони денари собра Црвен крст на Македонија за настраданите од трагедијата во Кочани, во тек е префрлуањето на истите

Вкупно 54 милиони денари до сега собра Црвен Крст на Македонија за настраданите од трагедијата во Кочани. За да истите се префрлат на корисницте, моментално им се собираат нивните транскациски сметки и матични броеви, согласно законот за користење на податоци. Досега се собрани податоците на починатите, а во тек е собирањето на податоци за повредените, кои се лекуваат во државата. За лицата кои што се лекуваат во странство, податоците ќе ги собира владата со заедничките служби.

“Во однос на средствата црвениот крст на Македонија собра 54 милиони денари. Тоа не е заслуга само на црвениот крст, тоа е заслуга на сите граѓаните на оваа држава. За да се префрлат средствата на коринсниците, согласно законот за користење на лични податови, потребно е трансакциска сметка и матичен број. За да користиме матичен број и трансакциската сметка, за да можеме да ги обработиме истите, потребно е писмена изјава на лицата, кој го даваат тој податок на понатамошно користење. Од тие причини се тие подготовки, кои што ги нарекуваме интезивни. Црвениот крст викендов успеа преку својата активност да ги собереме податоците на починатите. Податоците се пристигнати денеска и се овде кај нас. Се договоривме за лицата кои што се лекуваат во странство податоците да ги соберат заедничките служби на владата и тие тоа го прават или го веке направија. Ни останува уште еден предизвик, а тоа е да ги собереме податоцитер и изјавите на повредените и на нивните семејства на лицата кои што се лекуваат во државата.“ рече Саити

Сати повика на разбирање до сите, бидејки и црвениот крст како здружение е потребно да го почитува законите. Рече дека процесот е сложен, бидејки станува збор за многу семејства.

Она што дополнително го истакна Саит Саити е дека телефонските линии ќе бидат активни уште десетина денови, бидејќи заинтересираноста е се уште голема. Нивото на уплати е секојдневна. Само денеска тој вели дека има 54 милиони уплати.

Иван Митев, М-Нет