50–52 ден од животот на кутрето – прва вакцина, по 2-3 недели ревакцинација

Вакцинирање на кучињата на возраст од 50-52 дена, ревакцинација по 2-3 недели, со цел превенција на миленичињата од болестите кои ги напаѓаат додека се мали. Д-р Методи Бреслиски посоци дека вакцинацијата е директно поврзана со здравјето на животните, бидејќи со вакцините се спречуваат болестите, а одредени болести можат да бидат фатални или со последици како повраќање и дијареа.

,,Значи пред сѐ, вакцинацијата на домашните миленици е главно сврзана со нивното здравје, бидејќи постојат болести коишто ги напаѓаат на доста мала возраст на пример кучињата и затоа треба да се вакцинираат кутрињата на возраст од 50 до 52 денови. Тоа е првата вакцина, имаме ревакцина после две до три недели, се со цел да се превенира заболувањето од одредени болести, бидејќи одредени болести коишто се јавуваат кај малите кучиња може да бидат фатални. Исто така и тие се проследени со повраќање и со дијареа, односно проливи коишто неколкупати можат да бидат и крвави проливи.“,

Како што кажа, д-р Бреслиски, постојат различни вакцини, некои се петтовалентни, во себе содржат заштита за пет болести, и имаат ревакцинација на 4 ипол месеци. Освен вакцини, за превенција против внатрешни паразити се даваат и таблети, со кои миленичињата се заштитени еден месец, а против надворешни паразити, односно крлежи и болви се ставаат ампули.

,,Некои се петтовалентни, значи содржат пет болести, заштита, некои се едновалентни. На овие вакцини имаме ревакцина на истите и некаде на 4 ипол месеци самите кучиња се вакцинираат против беснило. Сега во Европа се користат и други вакцини, меѓутоа тие кај нас се уште не се дозволени и главно овие три вакцини се користат во текот на една година. Можам да кажам дека за превенција против паразити, поготово против внатрешни паразити се даваат таблети коишто ги заштитуваат милениците еден месец, а исто така се ставаат ампули коишто ги заштитуваат кучињата од надворешни паразити, односно крлежи и болви. Затоа би им препорачал на сите љубители на кучиња, коишто ќе земат мало кутре, да го донесат на таа возраст некаде на педесеттина дена, да си го вакцинираат своето кутре. ”, кажа д-р Бреслиски

Доктор Бреслиски препорачува сите љубители на кучиња, да го однесат своето кутре на ветеринар и да го вакцинираат.

Ева Тушевска, М-Нет