
Во првите борбени редови над 10 месеци беше медицинскиот персонал, кој неуморно се бореше со ковид пандемијата. Токму и поради тоа 2020 година, ниту еден лекар од Клиничката болница Штим, немаше можност да отиде на специјализација, бидејќи сите одделенија и медицинскиот персонал од истите беше вклучен длабоко во проблемот со невидливиот непријател. Но не изостанува можноста на специјализација да се оди годинава. Од Клиничката болница Штип, известија дека сеуште не се знае кои доктори ќе заминат на специјализација, и кога конечно тоа ќе се знае ќе биде детално информирана и јавноста. Сега за сега останува само најавата од директорот на Клиничка болница Штип, д-р. Георгијев, дека оваа година ќе има повеќе прилики да се специјализираат. Во изминатото деноноќие во Клиничката болница Штип имаше хоспитализирани 28 пациенти, што значи бројот во континуитет се намалува. Испишан е еден пациент, а на кислородна поддршка се 15 пациенти. Олеснувачки е фактот дека нема ниту еден починат пациент. Нема ниту еден примен нов пациент, а слободни остануваат 42 кревети. Од почетокот на пандемијата до сега, ова е најголемиот број слободни кревети на Клиничката болница Штип. Почнувајќи од 35 кревети денеска во оваа болница се располага со над 60 кревети. Првиот пролетен бран помина полабаво, за разлика од есенскиот бран кој зема голем замав и кога се потрошија најмногу тони кислород, како и најмногу хоспитализирани пациенти а најмалку слободни кревети. Од пред новогодишните празници во континуитет бројот се намалува, што значи се почитуваат и мерките и протоколите. Почетокот на февруари се очекува и пристигнување на првата доза вакцина од Ковакс механизмот.