
Иако беше најавено, новиот рудник Боров дол кој зафаќа територија на три општини –Конче, Штип и Радовиш, не отпочна со работа овој месец. Стартот со ново производство најверојатно ќе се случи по шест месеци. Според менажментот досега се реализирани повеќе од 95 %од годишниот план, при крај е изградбата на патот до рудникот. Во тек се градежните работи на трасата која ќе ги поврзува Боров дол и постоечкиот рудник за бакар Бучим, објектите за примарно дробење и затвореното складиште за руда на Боров дол. Најклучниот дел од овој проект според инжињерскиот кадар е изградбата на транспортната трака, која ќе служи за пренос на издробената руда од Боров дол до построечките капацитети на Бучим за преработка и складирање на руда. Транспортната трака ќе биде целосно покриена и е долга 7 километри. Станува збор за современо инжинерско решение, кое го ограничува ширењето на прашината и го сведува загадувањето на воздухот на минимум. Согласно сегашното ниво на експлоатација и преработка на бакарна руда во рудникот Бучим, експертите му предвидуваат стопански живот од најмалку десет години. За тој период општината Штип во сопствената каса на име концесија ќе исќешира загарантирани 4 милиони евра.
Маре Стојилова М нет
Игор Зиврев М нет