40-годишна жена и 50-годишен маж физички се пресметале во Штип

На 28.01.2023 во 15.40 часот во Полициска станица Штип е пријавено дека околу 15.00 часот во Штип, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 40-годишната Е.И. од с.Нов Караорман, Општина Карбинци и 50-годишниот Н.Д. од Штип. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.