300 денари за килограм цреши – луксуз на пазарот во Штип

300 денари за килограм цреши – луксуз на пазарот во Штип. Иако од денес црешата пристигна на штипскиот пазар – сепак истата не достапна за сечии џеб. Омиленото овошје на пролетта годинава стана луксуз кој не си го дозволува секој. Народот реагира меракот е мерак, ама парите не растат на дрво. Иако цената вртоглаво висока, но сепак причините – според продавачите – се стари: слаба берба, високи трошоци, мала понуда. Но граѓаните не се убедени, за нив тоа е слаба утеха. Сепак очекувањата се дека со зголемувањето на понудата во наредните недели, цените ќе почнат да паѓаат. Но до тогаш, црешата ќе остане луксузен залак за многумина.

Оние што беа решени да купат, истакнаа дека зимаат колку да им помине меракот. Како што велат нема да купуваат во големи количини, туку само за една чинија. Месечните примања се уште ниски, па единствено што можат е да купат еднаш во месецот.

Инаку, Црешата е особено корисна против болестите на бубрезите и другите уринарни органи. Снажен борец е против хипертензија. Според познавачите на народната медицина црешата е одлична за концентрација и паметење како и физичка и ментална исцрпеност Оосбено е делотворна кај лицата што патат од ревма, па затоа лекарите препорачуваат луѓето кој имаат проблеми со ревма и други болести на зглобовите секојдневно да пијат по три чаши свежо исцеден сок од цреша.

Иван Митев, М-Нет