3.коло од Третата лига – Запад беше отворено вчера со 4 натпревари, а се комплетираше денес со еден натпревар

Во дербито во Боговиње на некогашниот прволигаш Дрита со високи 6:1 го торпедираше кичевски Напредок. Бесим Алили со четири гола ја искина противничката мрежа, а двоен стреле беше Ери Абдулахи. За гостите единствен стрелец во 51. минута беше Никола Аврамовиќ.

Љуботен на домашен терен забелажа висок пораз од 1:4 од фаворитот за прво место екипата на Влазерими.

Ланскиот шампион во Трета лига – Запад, кој немаше среќа во баражот, на полувреме имаше предност од 1:2.

Исмаили погоди во 8. минута за 0:1, а пак Димитриески во 34. минута израмни на 1:1 и ја врати егал борбата. Во финишот на првиот дел Хисмани постигна гол за 1:2 на полуреме. Во вториот дел неизвесноста траеше до 83. минута, кога Думоски погоди за 1:3, а пак Алиу постигна гол за конечни и убедливи 1:4.

Зајази на домашен терен загуби од новајлијата Џепчишти со минимални 0:1 со голот на Арлинд Алији постигнат во 67. минута.

Денес во Камењане екипата на Камјани со високи 4:0 славеше над Речица, меч со кој се комплетираше 3. коло. Арлинд Берзати беше двоен стрелец, е по еден гол постигнаа Вулнет Елмази и Ветон Бафтиари.