27 активни случаи на КОВИД – 19 во Кочани, но од модуларната болница потреба нема

Рапидно зголемен бројот на новозаразени случаи на КОВИД – 19. Во текот на вчерашниот ден во источниот регион  бројката достигна 23. Најголем број од нив беа од Кочани – 5. Веќе неколку дена најмногу од заразените во источниот регион се од Кочани, па сега таму има 27 активни случаи. Модуларната болница  не е отворена, а директорот на Општата болница Кочани, Александар Серафимов, вели дека од истата сè уште потреба нема.

„Ние ги следиме статистиките од МЗ и гледаме дека секој ден има по 3, 4, па дури и 5 нови случаи на КОВИД – 19. Меѓутоа, од нив нема пациенти со тешка клиничка слика. Немаме хоспитализации во болницата, па сега за сега не ја отвораме. Ако има потреба од такво нешто и ако се појават пациенти кои ќе имаат потреба од болничко лекување , истата ќе биде дополнително отворена.“ –додаде директорот Серафимов.

Инаку, во КБ Штип модуларната болница беше отворена уште пред неколку недели иако немаше голем број заразени, но истите беа со тешка клиничка слика.

Ребека Спасова МНет