24 социјално загрозени семејства добија кров над глава во Општина Пробиштип

24 социјално загрозени семејства од Пробиштип добија кров над глава, со распределбата на социјалните станови. Денешната ранг листа беше прлиминарна, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, а граѓаните требаше да исполнат одредени услови за да може да добијат социјални станови. Според Бочварски, до крајот на месецот треба да добијат решенија и да се вселат во становите, откако претходно ќе се изврпи увид во домовите на лицата кој се на прелиминарата листа.

„Обезбедуваме нов дом за социјално ранливите категории граѓани. Ова е првата социјална станбена зграда која и во најтешкото време ние обезбедуваме сцијални станбени единици за нашите граѓани. Право на пријавување на овој оглас имаа деца без родители со навршени 18 години, корисници на минимална загарантирана правна помош, лица погодени од елементарни непогоди и лица и семејстава со попреченост“ – кажа Бочварски.

Доделувањето на социјални станови за градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов е од огромно значење.

„Посебно ми е драго што денеска на овој ден можат мои 24 сограѓани да добијат кров над глава, она кое беше наша заложба. Овој прокет е од огромно значење за Општина Прибиштип со оглед на тоа дека станува збор за прва ваква градба или првпат Пробиштип добива социјални станови. Голем број наши сограѓани влегуваат во современи, нормални услови за живот кои досега ги немале од разни причини“ – додаде Анастасов.

Граѓаните кои се најдоа на прелиминарната ранг листа односно во листата на добитници на станови задоволни. Велат по долг врмененски период конечно ќе имаат современи услови за живот.

До сега на територија на државата се направени над 850 станбени единци, истакна Бочварски. Следно распределување на становите ќе биде во Виница и Свети Николе а во завршна фаза е изградбана на станбените згради во Кочани и Пехчево.

Лаура Стојанова М-Нет