24 дечиња, две воспитувачки, две негувателки од двете штипски градинки „Астибо “и „Вера Циривири“ од денес во самоизолација.

24 дечиња, две воспитувачки, две негувателки  од двете штипски градинки „Астибо “и „Вера Циривири“ од денес во самоизолација.

Дознава М нет

Тестирањето на вработените во градинката „Астибо“ откри дека една од воспитувачките е   заболена од коронавирус. Освен воспитувачката од денес во изолација е ставена и негувателката која ке биде подложна на тестирање. Во изолација се ставени  12 дечиња од големата група за кои се грижела воспитувачката која сама се посомневала дека можеби е носител на коронавирусот откако од истиот се разболел нејзиниот сопру. Воспитувачката сама заминала на тестирање иако немала никакви симптоми, по сознанието дека е позитивна се пријавила кај директорката на градинката Астибо и заминала од работа во самоизолација. Но  за жал ова не е единствениот случај во Штип, освен во градинката „Астибо“ коронавирусот  се манифестирал и кај една негувателка во новоселската градинка „Вера Циривири Трена“ во клонот „Росица“.

Од денес овој колон е во самоизолација  сите 12 дечиња  на возраст од 3- 4 години нема да ја посетуваат градинката во наредните 12 дена. Во самоизолација заминала и воспитачката која била во постојан контакт со заразената со коронавирус негователка. Овие информации ги оставија без здив родителите кои мора да се грижат за децињата кои остануваат во самоизолација.. Вкупно 28 семејства од денес се во самоизолација  во  исчекување на можна манифестација на симтомите на ковид 19 инаку  ова е  пети случај во државата.  Првиот беше откриен кај  вработен во скопска детска градинка,вториот случај на вработен во детска градинка позитивен на коронавирусот  во Битола на почетокот на тестирањето. По отворањето на градинките уште во неколку градинки се појави кобниот вирус, во градинка во Св Николе, во градинка во Чешиново-Облешево. Од Штипскиот центар за јавно здравје нетранспарентни за јавноста, соработклата со првите лица на оваа институција како по навика е редуцирана и спротивна од законот за информирање на јавноста. Дали сокривањето на податоците за појава на нови кластери е нечија лична политика или пак наредба од повисоки инстанци е несватливо за новинарите кои се должни да пренесуваат информации особено кога се работи за здравјето на населението.

Маре Стојилова М нет

Дарко Лазев М нет