
Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Д.С.(24) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 08.08.2023 на Граничен премин Делчево, при контрола, пријавениот на увид приложил возачката дозвола за која по извршени проверки било констатирано дека била поништена и неважечка, односно дека приложил возачка дозвола која му била издадена како дупликат по негова пријава дека му е изгубена.