20% субвенција за набавка на пелети за грејната сезона, Oпштина Карбинци воведува нова мерка

Субвенционирање на граѓаните за набавка на пелети за огрев во претстојната зимска сезона е новата мерка којашто ја воведува Општина Карбинци за првпат. Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов истакна дека при субвенционирање единствениот услов за исполнување на оваа мерка е жителите да поседуваат печка на палети и да имаат набавено пелети за грејната сезона што доаѓа. Повикот ќе биде објавен на 1 септември и ќе трае до крајот на месец ноември, по што ќе слeдува разгледување на понудите и одобрување според принципот ,,прв дојден-прв услужен”. Набавените пелети ќе бидат субвенционирани во висина од 20% од набавката.

,,Oпштина Карбинци воведува нова мерка која ќе значи субвенционирање кон граѓаните за набавка на пелети за огрев за престојната грејна зимска сезона. Ова е нова мерка којашто за првпат се воведува во Општина Карбинци и очекувам да биде одлично прифатена и применета од страна на жителите на Општина Карбинци. Имено се работи за субвенционирање за набавка за пелети за жителите на Општина Карбинци коишто се со жителство и со адреса на Општина Карбинци. Принципот на субвенционирање ќе биде со единствен услов, тие да поседуваат печка на пелети и да имаатг набавено пелети за оваа престојна грејна сезона, којшто пелети може да имаат од повикот од 31 мај па сѐ до завршување на повикот во 30 ноември. Повикот ќе биде објавен за неколку дена или поточно 1 септември и ќе трае до крајот на месец ноември, а потоа ќе се разгледаат понудите и ќе бидат одобрени според принципот ,,прв дојден-прв услужен” до крајот на оваа буџетска година и ќе бидат практично и исплатени овие субвенции. Ќе се субвенционираат набавени пелети во висина од 20% од набавката, но не повеќе од 12 000 денари од вкупна сума која што ноже да биде субвенционирана од страна на корисниците“, соопшти Паунов

Градоначалникот Паунов очекува дека оваа мерка ќе биде добро прифатена и примената од страна на жителите на Општина Карбинци. Општината за оваа мерка одвоила 400 000 денари буцет за оваа година. Покрај тоа, Паунов најави за следната година дека ќе има субвенции и за полагање на возачки испит до 25 години, а Општината ќе покрие дел од трошоците.

,,Очекувам дека мерката ќе биде добро прифатена и навистина ќе биде од корист за граѓаните, а Општина Карбинци за оваа мерка одвои 400 000 денари буџет за оваа година и очекувам еве да биде искористен од страна на граѓаните на Општина Карбинци и да оваа пракса продолжи понатаму. Знаете дека како Општина субвенционираме по повеќе мерки. Веќе три години се активни субвенциониите за клима-уреди коишто од месец мај следната година повторно ќе биде објавен тој повик. Најавувавмје веќе од следната година ќе има субвенции и за полагање на возачки испит за младите лица до 25 години, коишто Општината ќе покрие дел од трошоците за полагање возачки испит“, истакна Паунов

Паунов ги спомна и веќе активните мерки за субвенционирање за клима-уреди,субвенционирање за еднократна помош за новороденчиња во Општина Карбинци во вредност од 10 000 денари, субвенционирање за првачиња, средношколци и студенти во прва година на државен универзитет, со цел олеснување на домашниот буџет на граѓаните Општина Карбинци.

Ева Тушевска, М-Нет