18-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа во Виница

фото: архива

На 07.07.2023 околу 16.30 часот во Виница на ул.„Браќа Миладинови“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд транзит“, управувано од Д.А.(29) од Виница и мотоцикл „гилера нексус“, управуван од С.Ќ.(18) од Виница, двете со винички регистарски ознаки. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Виница.