
17 нови лесни оклопни возила „страјкер“ денеска пристигнаа во државата. Истите се набавени од Соединетите Американски Држави, со што е збогатен капацитетот на македонската Армија. Министер за одбрана Владо Мисајловски во денешната изјава, истакна дека ова е еден од најголемите проекти на министерството за одбрана и дека покрај новопристигнатите возила, во употреба се вклучуваат и возилата кој до сега се наоѓале во гаражите. Мисајловски беше јасен дека над 32% од буџетот се инвестирани во модернизација.
„Ова еден од најкрупните проекти на министерството за одбрана. Многу е важно да се продолжи со обуката, наредниот период ќе стигнат дополнителни возила, како што можете да видите веќе 17 возила се стигнати, останатите би требало да стигнат до средината на летото се надевам. Можете да видите и други возила што во минатото биле во гаражите а благодарение на проектот со Америка ги ставивме во функција и останатите возила. Она што го бара НАТО од нас е да вложуваме преку 20% во модернизација, ние го правиме тоа уште повеќе, преку 32% во нашиот буџет се директно за модернизација. Очекуваме во следниот период дополнителни наоружувања, допилнителна опрема, беспилотни летала, опрема за специјалните единици.“- Изјави Мисајловски
Покрај ново пристигнатите возила, во претстојниот период се очекува дополнително засилување со дополнителна опрема посочи Мисајловски.
Со овие инвестици, Мисајловски е дециден дека Министерството за одбрана е посветено кон зајакнување на одбранбените капацитети и усогласување со стандардите на НАТО. Модернизацијата на армијата не значи само нова опрема, туку и поголема безбедност, подготвеност и сигурност за граѓаните.
Иван Митев М-Нет