
1.197 новозаразени пациенти од ковид 19 од направени 7.483 тестирања во изминатото деноноќие, информираат од Министерството за здравство со што процентот се искачи на 16. Најмногу позитивни случаи се регистрирани во главниот град. Во општините од Истокот новозаразени се 31 пациент од кои 12 во штип, 11 во Кочани 7 во Делчево и еден во Пробиштип. Регистрирани се 12 поцинати лица, но ниту едно во Источниот дел од државата. Оздравени пак се 331 пациент од кои во штип 12, Кочани и Делчево по 3, Пробиштип и Виница по еден.
Во штиспката болница на болничко лекување се 15 ковид пациенти, од кои 8 се на кислородна поддршка, а вакцинирани се четири лица. Во последните 24 часа новопримен е еден пациен, испишани нема. Слободни се 45 кревети на Инфективното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Кочани се уште нема ковид пациенти на Интерното одделение кое равботеше како ковид оддел.
Според информации од министерството за здравство Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667.
Лаура Стојанова М-Нет