15 кандидати во трка за нов претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип

ВМРО ДПМНЕ пред одлука за тоа кој ќе биде нов претседател на општинскиот комитет Штип. Во наредниот период треба да се избере нов прв човек кој ќе го води општинскиот комитет, а со тоа ќе се продолжат започнатите, но и ќе се воведат нови активности. Засега пријавени се над 15 кандидати, ама согласно интервјуата кои се реализираа во понеделникот, најсериозни кандидат за оваа функција се Роберт Аџипетров и Душко Иванов. И двајцата се граѓани на Штип кои во изминатиот период со своето работење и дејствување придонеле за развој на градот.
Роберт Аџиппетров е директор на педагошката служба при Министерството за образование и наука, човек кој се залага за подобро и поквалитетно образование за сите ученици и студенти. Во трката влегува со Душко Иванов досегашен претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, но и пратеник во Собранието.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет