13 први, две втори и едно трето место за 13 ученика од ООМУ „Ристо Јурков“ Кочани

13 први, две втори и едно трето место освоија 13 ученика од основното музичко училиште Ристо Јуруков од Кочани. Денеска на прес конференција се преставја најдобрите ученици. Директорката Марија Лазарова во оваа прилика потенцираше дека во тек се и уписите, па упати апел до учениците да го посетат училиштетото и да бидат дел од него.

„13 ученика плус оркестарот со пет ученика освоија оваа година 13 први, две втори и едно трето место. Пофалба до сите учеснци и сите нивни ментори. Се надевам дека оваа бројка ќе расте, во тек се уписите во нашето училиште и ја користам оваа прилика да ги повикам родителите да дојдат во училиштетото да ги видат условите и да ги запишат своите деца овде.“ вели Лазарова.

Учениците се задоволни што се дел од музичкото училиште во Кочани. Со помош и поддршка на своите наставници и ментори успеале да научат да свират на некој инструмент и да постигнат голем успех.

Училиштетото во периодот кој следи ќе го одбележи својот патрон прзник, а ќе биде дел и од неколку гостувања во Свети Николе и Охрид. Годината ја завршуваат со концерт нан родители и деца.

„Завршниот концерт на нашето училиште ќе биде на 5 јуни во понеделник и ќе биде концерт по повод патрониот празник на училиштето. Потоа имаме гостување во Свети Николе, во Охрид и последниот концерт за оваа година е концертот на родители и деца.“ – вели Постолов.

Слободни места има за учениците, со што Лазарова посочи дека слободно може да бидат дел од музичкото училиште во Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет