11 слободни ковид кревети во Штип, 20 во Кочани, починало едно лице

Без драстични промени во бројот на хоспитализирани ковид пациенти помина викендот во Штип и Кочани. Во модуларната ковид болница во Штип хоспитализирани се 39 пациенти и 3 на Кожното одделение кое работи како ковид оддел. Во псоледните 24 часа во штипската болница новопримени се пет пациенти, а испишани само тројца. Од хоспитализирани поголемиот дел односно 36 се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 15 лица. Во последното деноноќие едно лице ја загубило битката со ковид 19, од Радовиш на 61 годишна возраст. Слободни се осум места во модуларната ковид болница и три на кожното одделение информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница хоспитализирани се седум ковид пациенти, од кои три лица се на кислородна поддршка а исто толку се и вакцинирани. Во последните 24 часа испишан е еден пациент, а нема ново примени. Слободни се 20 кревети на Интерното одделение кое работи како ковид оддел. Нема починати лица во Кочани, информираат од тамошната Општа болница.

 Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.277.428 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337.

Лаура Стојанова М-Нет