
Основниот суд во Штип донесе пресуда за случајот во кој родител на фудбалер од ФК Шкупи, тепаше двајца фудбалери на ФК Брегалница, по завршување на натпреварот меѓу пионерските екипи на Брегалница и Шкупи, кој се одигра на стадионот Бело Брдо во Штип.
Основниот суд во Штип донесе пресува со која обвинетиот А.А. од Скопје за кривично дело насилство од член 386 став 4 од кривичниот законик е осуден на казна затвор од 11 месеци.
Фудбалерите на ФК Брегалница беа нападнати веднаш по завршувањето на натпреварот, кој се одигра на 24 август, а кој заврши со победа од 2:1 за екипата на Брегалница, тоа беше натпревар од 1. коло на помладата пионерска суперлига на Македонија.
Младите фудбалери се здобиле со повреди кои биле констатирале во Клиничката болница во Штип.
Александар Ванев, М-Нет