100 парцели за индивидуално домување куќиќе има веднаш до приградската населба Три чешми

10 парцели за индивидуално домување куќи ќе има веднаш до приградската населба Три чешми . Станува збор за локација, која што во минатото не била уредена, па затоа до сега останала не реализирана. Градоначалникот Иван Јорданов вели дека во периодот кои што следи ќе се навлезе со активности за уредување со поставување на подземна инфраструктура, а веднаш потоа трасирање на улици. Додава дека овие парцели ќе наидат на интерес од страна на граѓаните со што ќе добијат соодветни услови за живот.

“Согласно програмата за оттуѓување на градаежно земјиште во овој момент пуштивме можност за оттугување 10 парцели во една нова зона за домување, индивидуално домување куќи веднаш до нас. Три чешми. Станува збор за една локација, која што во минатото беше споменувана, но заради не уреденоста и основниот степен на уреденост кои што не бил реализиран во минатото оваа населба остана не реализирана. Во план сме во периодот кои што ќе следи да влеземе со активности за уредување со поставување на подземна инфраструктура трасирање на улици и отуѓување на повеќе од 50 парцели веднаш до нас. Три чешми, кои што верувам ќе наидат на интерес од страна на граѓаните.“, вели Јорданов

Имајќи во предвид големата побарувачка која што досега создаде раст на цените, ова ќе претставува добра можност за заинтересираните.

“ Потенцирам станува збор за парцели индивидуално домување, затоа што побарувачката создаде притисок на цената на пазарот на недвижности. Во интерес на ова се одлучивме да испарцелизираме и овозможиме отугување на дополнителни парцели за индивидуално домување.“, додава Јорданов

Со ваквата реализација ќе се овозможи можност особено за младите за инфестираат и да си обезбедат сопствен дом, кои што веќе ќе имаат уредени улици како надземно, така и подземно.

Лаура Стојанова, М-Нет