10 смртни случаи од Западно-нилска треска во Македонија, сите мажи на околу 70 години, досега регистрирани 71 лице

Вкупно 10 смртни случаи досега се регистрирани во државата како последица на Западнонилска треска. Сите починати се мажи, на возраст од околу 70 години. Како што информираат од ИЈЗ, заклучно со 6 октомври се регистрирани вкупно 71 случај на заболени од Западнонилска треска. Најголем број од случаите се од главниот град, а има заболени и од Велес, Кавадарци, Куманово, Свети Николе и Тетово. Од регистрираните случаи, 52 или 73,2% се машки, а 19 или 26,8% се женски.

„Во текот на 2026 година, до 06.10.2026 година, регистрирани се 10 смртни случаи. Сите починати лица се од машки пол; Возрасна дистрибуција – просечната возраст изнесува 71 година. Сите починати лица биле хоспитализирани. Кај девет починати лица се регистрирани коморбидитети. Заклучно со 06.10.2026 година, во Македонија е регистриран вкупно

71 случај на Западно-нилска треска. Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 66 се водат како потврдени, а пет како веројатни.“, информираат од ИЈЗ

Како што соопштуваат подетално оттаму, регистрирани се 70 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.

Од регистрираните случаи, 52 или 73,2% се машки, а 19 или 26,8% се женски.

Во однос на возраснаа дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60

години – 58 (81,7%), седум се лица на возраст од 50-59, две лица на возраст од

40-49, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години.

Просечната возраст изнесува 66,5 години.

Иван Митев, М-Нет