
Викендот на програмата се натпреварите од десеттото коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе игра во два дена, сите натпревари ќе стартуваат во 13:30 часот.
За сабота планирани се три натпревари. Еуромилк ГЛ на домашен терен ќе игра против Кожуф, АП Брера Струмица ќе го пречека Новаци, а пак ланскиот прволигаш Шкупи ќе биде домаќин на лидерот Охрид.
За недела предвидени се четири натпревари. Камјани ќе го пречека Тетекс, Пелистер ќе игра против Детонит Плачковица, Македонија ЃП ќе се соочи со Осогово, а дерби ќе играат Работнички и Беласица.
Александар Ванев, М-Нет