
Денес Здружението Фолклорната Група Копачка одбележува 10 години јубилеј од впишувањето на орото „Копачката“ во светската организација УНЕСКО. 76 години од основањето на ЗФГ Копачка, с. Драмче Делчево, како и 3 години од смртта на фолклористот Димитар Узунски. Низ оваа фолклорна група формирана во 1948 поминале генерации и членови, кој зад себе оставиле голем траг и сеќавање, како Димитар Станоевски или Дедо Митко, кој до 2008 година беше ороводецот на ова автентично оро, познатиот уметник и фолклорист Димитар Узунски, првата жена ќеманџика Лефка Симоновска, која го постави орото Копачка да го изведуваат и жени и многу други. Оваа фолклорна група е позната по својот автентичен и стар стил, во извезба на стари народни песни и ора, кој го карактеризираат пијанечкиот крај. Денес за среќа здружението има свој подмладок, кој ја продолжуваат традицијата, која кај нив е сеуште жива. Прославата на денешниот јубилеј започна со дефиле низ градот, концерт во кино салата и изведба на самото оро Копачка.
Орото Копачја е впишано во УНЕСКО во Репрезентативната листа на нематеријални културни наследства на човештвото, на 27.11.2014 во Париз.
Лаура Стојанова, М-Нет