Џатевска останува во Унгарија, но има нов клуб!

Македонската репрезентативка Ивана Џатевска ќе игра за нов клуб, но останува и понатаму во Унгарија.

21-годишната Џатевска сезона и пол го носеше дресот на Кишварда, каде имаше одлични настапи во унгарскиот шампионат, а со тоа го привлече вниманието на неколку екипи кои има интерес за македонската репрезентативка.

Џатевска се одлучи да ја прифати понудата на Сомбатељ, екипа која изминатата сезона ја освои шампионската титула во Првата лига, па се избори за враќање во ракометната елитата на Унгарија.

Македонката стави потпис на едногодишен договор со новиот клуб со важност до јуни 2025 година.

Џатевска е поранешна ракометарка на Вардар и Чаир, кружниот напаѓач потекнува од школата на Вардар, а имаше настапи на европската ракометна сцена со Вардар и Чаир.

Александар Ванев, М-Нет