
Третолигашот Слога од Виница за пролетниот дел се засили со искусниот Петар Љамчевски и младиот Виктор Крстевски.
33-годишниот Љамчевски претставува капитално засилување за тимот, со оглед на тоа што има настапувано за повеќе екипи од Македонија како Пелистер, Вардар, Тиквеш, Силекс, Еуромилк ГЛ и Металург, а последно настапуваше и во Австрија ќе донесе огромно искуство во Слога Виница, додека пак младиот Виктор Крстевски доаѓа од прволигашот Гостивар.
22-годишниот Крстевски во есенскиот дел беше позајмен во штипска Брегалница, а уште настапуваше и за Пелистер и Вардар.
Слога Виница е есенски шампион во Трета лига – Исток и веќе се насочува кон баражот за Втора лига.