
Температурите под нулата кои се карактеристични за овој период од годината носат свои негативности и последици. Мрзнењето на водата е доста популарно и вообичаено, но и мрзнењето на чешмите и водомерите се честа појава. Затоа и Јавното претпријатие Исар, излезе со соопштение да се води контрола за заштита на водомерите од страна на граѓаните.
„Поради најавените ниски температури, Службата за сервис и контрола на водомери при ЈП „Исар“ – Штип апелира до граѓаните , да ги заштитат ( термоизолираат ) своите водомери , посебно оние водомери кои се изложени на ниски температури ( во двор , ходник на зграда и сл.), за да не дојде до нивно оштетување“– стоеше на страната на претпријатието.
Онаа стара позната навика со оставање водата да тече, со цел да не дојде до нејзино замрзнување не се претпорачува, бидејќи доаѓа до зголемени сметки за плаќање вода, но и доколку водата со течење завршува на патиштата може да дојде до замрзнување и поголеми штети.
Огдоворноста која следи по замрзнувањето на чешма или водомер е на трошок на самиот граѓанин.
Од ЈП „Исар“ апелираат да се почитуваат препораките за да не дојде до поголеми несакани последици, па поради невнимателност на еден граѓани да дојде до случај да останат без вода цели населени места.
Лаура Стојанова М-Нет