
Штип е домаќин на завршницата од одбојкарскиот Куп на Македонија, три дена во Спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе се играа натпреварите од Купот во машка и женска конкуренција.
Одбојкарките на Штип УГД испишаа историја откако обезбедија за првпат финале од Купот на Македонија каде ќе се борат за првпат да го освојат трофејот на Купот.
Во „Јордан Мијалков“ штипските одбојкарки беа доминантни и во целост го надиграа Работнички за убедлива победа од 0:3 во сетови (23:25, 20:25 и 18:25).
Работнички на овој меч можеби имаше фаворитската улога бидејќи и на првенствената табела е подобро позициониран, но во изјавата за телевизија М Нет тренерот на Штип УГД, Кристијан Ристевски, рече дека домашниот терен, поддршката од домашната публика може да биде пресвртница и голема предност за нив со цел да дојдат до триумф над Работнички и да се пласираат во големото финале.
Вечерва во 20 часот Лирија ќе игра против бранителот на трофејот Струмица 47&72, а победникот од овој меч ќе биде противник на Штип УГД во големото финале кое е закажано за недела со почеток од 15 часот.
Утре на програмата се полуфиналните натпревари кај дамите. Струмица Жени ќе се соочи со бранителот Работнички во меч од 17 часот, а пак во 20 часот Наковски Волеј ќе игра со Јанта Волеј.
Александар Ванев, М-Нет