Штип УГД подготвен за Суперкупот, Борец ја препушта фаворитската улога на освојувачот на двојната круна

Денес во 17 часот во салата „8 септември“ во Тетово ќе се одигра Суперкупот во кој ќе се соочат минатогодишниот освојувач на првенството и Купот, УГД Штип и финалистот и во првенствениот плеј-оф и во Купот, ГОК Борец од Велес.

Двете екипи одлично се познаваат меѓусебенo, а Суперкупот ќе биде одлична можност сезоната да се стартува со титула.

Суперкупот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ ќе биде одлична увертира на новата сезона во Првата одбојкарска лига, но и за Купот.

Штип УГД ќе има голем предизвик, под водство на стратегот Кристиан Ристески ќе ја брани двојната круна, а пак Борец ќе биде еден од конкурентите на штипјани.

Тренерот на Штип УГД, Кристиан Ристески пред денешниот меч рече дека е задоволство што ќе бидат дел од првото издание на Чајка Суперкупот, смета дека ова е одлична можност за промоција на македонската одбојка и уште еден квалитетен меч кој ќе привлече внимание кај одбојкарската јавност. Бидејќи натпреварувањето се одржува за прв пат, Ристески вели дека имаат и дополнителна обврска да пристапат максимално сериозно, мотивирано и да се претстават во најдобро светло.

Тренерот на ГОК Борец, Петре Жабев, потенцираше дека фаворитската улога ја пропуштаат на Штип УГД, сепак, како што вели секоја шанса или момент на опуштање на ривалот ќе се обидат да го искористат.

Штип УГД годинава ќе дебитира и во ЦЕВ Лигата на шампионите, што ќе биде уште една можност за пишување на нова клупска историја.

Александар Ванев, М-Нет