
Одбојкарите на Штип УГД испишаа историја откако во големото финале од Купот на Македонија го совладаа тимот на Струмица со 3:2 во сето, со што беше запрена доминацијата на струмичани кои седум пати во низа го освојуваа одбојкарскиот Куп на Македонија.
Ова е голем историски успех за одбојката во Штип, рече во изјавата за телевизија М Нет, тренерот на Штип УГД, Кристијан Ристески.
Ристески вели дека неговите играчи дале се од себе во големото финале надминувајќи се самите себе.
Тренерот на Штип УГД за М Нет вели дека имале поголем притисок за полуфиналниот меч со Работнички, отколку за финалниот меч против Струмица.
Одбојкарот Стефан Алексов беше еден од најдобрите поединци на овие Куп-натпревар, а во изјава за М Нет вели дека верувал дека неговата екипа е подобра од Работнички.
Алексов е поранешен одбојкар на Струмица, тој во големото финале играше против својата поранешна екипа.
Алексов блесна во таборот на Штип УГД и го водеше до големата победа, со што беше прекината доминацијата на струмичани.
Александар Ванев, М-Нет