Штипјанец агресивно се однесувал и со остар предмет му упатувал закани на неговиот 51 – годишен татко

На 24.05.2022, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода С.С.(26) од Штип затоа што околу 16.30 часот во семејниот дом во Штип, по претходна вербална расправија, агресивно се однесувал и со остар предмет му упатувал закани на неговиот 51 – годишен татко. По комплетирање на случајот против С.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.