Штипјанецот Стојанче Зарков не се сеќава на моментот кога ја убил мајка си, не призна вина

Обвинителството бара најстрога казана за Стојанче Зарков кој летово ја уби својата мајка, одбраната со став дека треба да биде ослободен од одговорност, додека обвинетиот изјави дека не се сеќава на настаните од критичниот ден и не призна вина.

На денешното рочиште јавното обвинителство продолжи со воведниот говор, во кој се истакна дека Зарков со мотив и умисла ја убил неговата 84 годишна мајка, на 8 август во семејниот дом.

„Со употреба на метален нож со зелена рачка и нанел убодна рана на левата половина на вратот при што дошло до пресекување на заедничката каротидна артерија од кое пресекување оштетената искрварила до смрт.“ – вели Кацарова.

Од обраната денеска истакнаа дека нема мотив ниту умисла за убиство, а тоа се покажува според нив од фактот дека Стојанче се грижел за својата мајка купувајќи и намирници. Предложија дополнителни докази, распит на вешти лица, матични доктори.

Ова е трето рочиште, откако претходните две беа одложени, првиот пат заради предложениот доказ – нож од страна на обвинителството за што на обвинетитот му беа потребни пет дена за разгледување на доказот напишан на четири страници, а вториот пат на 11 декември заради здравствени причини.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет