
Штипскиот чувар на мрежата на Каменица Саса, Мартин Миленковски, на последниот одигран меч од Втората лига, односно во рамки на 27. коло успеа да ја сочува својата мрежа чиста и да обезбеди бод за неговиот тим од гостувањето во Радовиш.
Каменица Саса одигра 0:0 против Детонит Плачковица, а со неколкуте интервенции на Миленковски, тимот од малото рударско гратче се врати дома со бод на своето конто.
Но, тимот од Македонска Каменица ќе мора преку бараж да ја спасува сезоната, а ваквите позитивните резултати се важни за „рударите“ пред клучни меч, со цел да има позитивна атмосфера во соблекувачната. Миленковски ќе биде важен адут за „рударите“ во баражот за опстанок во Втора лига.
Миленковски успеа да врзе два натпревари со чиста мрежа, откако во рамки на 26. коло Каменица Саса со 1:0 славеше над Големо Коњари, а пак во 27. коло одигра 0:0 со Детонит Плачковица.
Штипјанецот ќе се обиде да ја сочува својата мрежа чиста и против Слога Виница в недела на домашен терен и така да дојде до три натпревари во низа без примен гол односно чиста мрежа.
Александар Ванев, М-Нет