Штипски Мал Ајакс елиминиран во футсал Купот на Македонија, познати сите четвртфиналисти

ФОТО: КМФ Мал Ајакс

Познати се сите четвртфиналисти во футсал Купот на Македонија, откако синоќа во Крива Паланка беше комплетирана осминафиналната рунда.

Штипски Мал Ајакс беше елиминиран на гостувањето од Јувентус Серава со резултат од 11:6 со што штипјани не продолжуваат во следната фаза во Купот, па фокусот ќе биде ставен на првенството, каде Мал Ајакс ќе води битка за опстанок во Првата футсал лига.

Бранителот на Куп титулата Форца со убедливи 5:0 лесно го доби Фудбал Старс од Кочани и го продолжува патот на одбрана на Куп титулата, а пак Проект со висок резултат од 2:7 славеше над второлигашот Кратово за четвртфинале.

Најдраматичен беше мечот меѓу Балкан и Каршиака, каде домаќинот со 5:4 беше подобар за пласман во четвртфиналето, а пак Осогово со 6:2 го доби Железарец.

Кеги Моби со 3:4 во неизвесен меч го доби Шкупи, а пак Бутел со убедливи 7:2 го доби тимот на ССК. Еден натпревар се решаваше во пенал-рулет, откако Црна Река и Клими во градското дерби одиграа 1:1 во регуларниот дел, а во пенал серијата со 3:4 подобра беше екипата на Клими.

Тоа значи дека во четвртфиналето се пласираа бранителот на Куп титулата Форца, Проект, Балкан, ланскиот финалист Осогово, Клими, Шкупи, Бутел и Јувентус Серава.

Александар Ванев, М-Нет