Уште една успешна генерација исплива во водите на матурата. Штипските гимназијалци вчера ја прославија својата матурска вечер со полна еднергија и очекување истата вечер да им биде најубава и најсреќна. Матурските вечери со во тек, а тоа за младите претставува позитивно искуство на исполнување на животните цели. Матурантите велат дека сега се чувствуваат поголеми, размислуваат разумно со што се надеваат дека и ќе постапуваат разумно.

Овие четири години во гимназијата стекнале нови познанства, но и нови знаења. Велат дека вратите постојано биле отворени за учениците, посочувајќи да го најдат вистинскиот пат. Матурантите децидни дека сакаат да го продолжат своето образование, па ќе продолжат во гранките на факултетсото образование. Едни ќе студираат овде во својот град, други во Скопје, а останатите во странство. Инаку матурантите посочиа дека и постепено се спремаат за полагање на државната матура за првиот предмет, полагање на македонски јазик на 1 јуни.
Лаура Стојанова