Штипска доминација во одбојката: Штип УГД ја одбрани Куп титулата во убедливо издание над Струмица!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Куп титулата во одбојка одново во градот под Исарот, Штип УГД испиша историја откако одбојкарите ја одбранија Куп титулата и со тоа ја освоија втората Куп титула во клупската историја.

Нов голем успех со кој започнува сега штипската доминација во македонската одбојка, Штип УГД ја одбрани Куп титулата, а сега оди на атак и на титулата во првенството односно атак на двојната круна.

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Првиот сет Штип УГД го доби со 21:25, а во вториот сет беше понеизвесно но и тој Штип УГД го доби со 24:26, додека пак во третиот сет Штип УГД беше подобар со 21:25.

Кај дамите во големото финале Наковски Волеј ја совлада екипата на Јанта Волеј со 3-2 во сетови со што Наковски Волеј ја освои прват историска Куп титула.

Александар Ванев, М-Нет