
Фудбалскиот терен во Карбинци каде настапува истоимениот третолигаш исполнува услови за одигрување на натпревари под рефлектори, рече градоначалникот на општината, Виктор Паунов во гостувањето во Зум Анализа на М Нет телевизија.
Како што вели и градоначалникот Паунов, се надева дека во пролетниот дел од Трета лига – Исток ќе се одигра натпревар во вечерен термин во еден убав фудбалски амбиент.
„Оваа прашање треба да го одговори Фудбалската федерација на Македонија, ние баравме претходно во едно од тие барања се дозволи, па потоа се предомисли клубот кој што требаше да гостува во Карбинци. Ние ги имаме овие услови, така да би било добро во пролетниот дел кога и временските услови ќе бидат подобри и за гледачите да можат и на еден вечерен термин да бидеме сведоци. Се надевам дека ќе биде прифатено од ФФМ и од клубовите кои што ќе ни гостуваат“, рече градоначалникот Виктор Паунов.
Имаше најави да се одигра натпревар под рефлектори во есенскиот дел, но противничкиот тим не го прифатил барањето за да игра во вечерен термин. Инаку, третолигашот Карбинци во изминатите сезони функционира одлично и постојано е во врвот од Трета лига – Исток, а редовно настапува и во Купот на Македонија, каде се покажува како одличен домаќин и организатор на Куп натпреварите.
Александар Ванев, М-Нет