Чешиново засега „владее„со третолигашкиот Исток, а Андреј Симевски продолжува со тресењето на мрежите

Денес се одиграа натпреварите од 4 коло во рамките на Третата фудбалска лига група Исток во кое беа постигнати 23 голови. Екипата на Чешиново ја продолжува победничката серија и засега „владее“ на табелата со максимални 12 бодови. Малеш од Берово ја „сруши“ Тиверија во Струмица со резултат 2:5 а стрелци на головите беа Симевски 2 (ова е 6 гол за Симевски) , Пачарски, Халитов и Арменски кои постигнаа по 1 гол. Во Турново Хоризонт ја победи екипата на Карбинци со 2:0 а головите беа дело на Крстев и на Петров. Во Радовиш Детонит славеше над незгодната Брегалница од Делчево со 2:0 а стрелец на двата гола беше Адемов.

Еве ги комплетните резултати од ова 4 коло:

  1. Василево – Овче Поле 1:5
  2. Детонит – Брегалница Д 2:0
  3. Хоризонт Т – Карбинци 2:0
  4. Тиверија – Малеш 2:5
  5. Работник – Спартмани 0:2
  6. Чешиново – Раклиш 3:1

На ќело на табелата е екипата на Шечиново со максимални 12 бодови, по што следуваат Хоризонт Т, Малеш, Детонит, Спартмани по 9 бодови….

Драги Герасимов – Пушка