
Краставицата, доматот и тиквичките ќе останат со високи цени, производството се намалува нема кој да работи, велат произведувачите и трговци на пазарот во Штип. И денеска најмногу се бараа зелените производи кои се со стари цени, а оние кои имаат финансиски средства купуваат и краставици и домати. Побарувачаката задоволителна и покрај лошите времески услови.
„Најмногу се бараше салата, краставички, домати, јагоди. Тоа што сега е најново и најскапо. Јагодата е 120 денари, краставицата од 140 до 200 денари, доматот од 150 до 200 денари за килограм. Ама нема доволно производство, нема работници, нема работна рака, цената ќе се задржи на високо ниво, енма кој да работи“
Кромидот со цена од 80 денари за килограм е најскап на пазарот за купувачите. За останатите производи велат цените се делумно реални, евтини за продавачите, виски за купувачите.
„Пазарот средно жалосно. На нас пензиите мали, цените големи. Компирот 35 – 40 денари за килограм. На мене скапо на нив евтино.“
Марулата, зелката сѐ уште беа дел од најбараните производи на пазарот во Штип во комбинација со сезонско овошје. Според продавачите ова се речиси последните залихи на зелка кои се нудат на купувачите.
Лаура Стојанова М-Нет