Фудбалскиот Исток го очекува вистинска бура од дерби натпревари

Мошне интересно и возбудливо се очекува да биде во претстојното 8 коло на Втората Македонска фудбалска лига – Исток. Вниманието го привлекуваат скоро сите 5 натпревари во кои на мегдан ќе излезат традиционални комшиски дерби натпревари а натпреварот Победа – Брегалница некогаш знаеше да биде дерби и во некогашната втора југословенска лига. Во Пехчево ќе гостува тимот на Слога од Виница, во Македонска Каменица ќе отпатува Осогово од Кочани, во Росоман ќе се одигра тиквешкото дерби а во Радовиш ќе гостува Кожув од Гевгелија. Со оглед на тоа дека досега беа постигнувани неочекувани резултати, се очекува и во ова коло традицијата на неизвесности да продолжи. Еве ги комплетните парови за ова 8 коло:

Кит Го Пехчево – Слога В

Победа – Брегалница

Росоман – Тиквеш

Каменица Саса – Осогово

Плачковица – Кожув

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 17 октомври со почеток во 14.30 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk

Монтажа : Дарко Лазев