Фудбалска Македонија ја започнува битката за СП „Катар 2022“ денес во Романија

Фудбалската селекција на Македонија од денес ги започнува квалификациските натпревари за Светското првенство кое што во 2022 г. ќе се одржи во Катар. Ждрепката сакаше Македонија да се падне во групата „ Ј “заедно се селекциите на Германија, Романија, Ерменија, Исланд и Лихтенштајн. Првата „огнена престрелка“ Македонија ќе ја има вечерва во 20.45 ч. на националната арена во Букурешт против селекцијата на Романија. Нашите репрезентативци во континуитет настапуваат во еден состав кој не трпи премногу промени, играчите се меѓусебно сплотени, играат за боите на својата репрезентација и за прв пат оваа генерација се избори за настап на едно Европско првенство. Во своите изјави сите тие ја респектираат селекцијата на Романија која има одлични фудбалери, имаат поголемо интернационално искуство, но топката е тркалеста и надежта последна умира, со еден збор сите резултати се во оптек. Натпреварот со Романија ќе биде воведен во овој квалификациски циклус кој ќе продолжи веќе во недела на 28 март во Скопје против селекцијата на Лихтенштајн а на 31 март Македонија ќе гостува на фаворитот во оваа група, репрезентацијата на Германија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk