Фудбалерите на Вардар Неготино реагираат поради неисплатените плати!

Фудбалерите на Вардар Неготино јавно реагираат поради неисплатените плати, а клубот денес со поддршка од верните „Винари“ преку соопштение ги бара исплата на платите и пример кај градоначалникот на општина Неготино.

На фотографијата која е објавено од страна на верните „Винари“ се сите играчи, како и тренерот Горан Тодорчев.

„Ние играчите на ГФК Вардар Неготино изразуваме револт поради неисплатени плати и го замолуваме јавно градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов на прием во понеделник за дискусија. Со овој повик сакаме да биде запозната јавноста во Неготино околу ситуација во клубот. Ние како група која е секогаш тука за клубот и градот ги подржува фудбалерите и бара одговорност“, се вели во соопштението кое беше објавено на профилот на „Винари Неготино“.

Вардар Неготино го обезбеди опстанокот во Втора лига, а утре ќе игра против Каменица Саса во гости.

Александар Ванев, М-Нет