Флаери на приватна компанија по улиците во Штип, кој треба да ги собере истите?

Штипјани утрива се разбудија со облачно време, ама и расфрлани флаери во централното градско подрачје. Имено на улицата „Ванчо Паќе“ или позната како едносмерната во Штип можеа да се забелажат флаери од приватна компанија кои се наоѓаат по тротоарите. Граѓаните реагираат до нашата редакција, па го прашавме директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков чија е надодлежноста истите да се соберат и дали ќе тротоарите ќе бидат исчистени. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија Здравков истака дека работата е на комуналниот инспектор, но и тие ќе дејствуваат.

„Ако сатнува збор за расфрлени флаери од страна на приватна компанија тоа е работа на комуналната инспекција која треба да дејствува. Но, тоа не значи дека ние како јавно претпријатие нема да излеземе на терен и да ги исчистиме тртоарите. Сепак е во интерес на граѓаните“ – додаде Здравков.

Комуналниот инспектор при Опшина Штип, Борче Везенков утринава не можевме да го добиеме на телефон. Но, Здравков додаде дека се можни и санкции за компанијата чии флаери се нашле по улиците и тротоарите во градот под Исарот.

Лаура Стојанова М-Нет